Oсман Дембеле конечно е среќен во Барселона, но пред една година не беше сигурен дека ќе остане во Барселона.
Сагата околу Дембеле траеше со месеци, а дури беше и надвор од екипата под притисок да си замине ако не потпише нов договор. Чави Ернандез беше истраен во намерата и до самиот крај инсистираше на негов потпис и тој се случи дури во јули кога Французинот практично беше слободен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дембеле одлучи да потпише нов договор, но тогаш договорот беше да потпише само на две години до 2024 година со посебна клазула за ова лето.
Според таа клазула Дембеле може да замине за само 50 милиони евра. Меѓутоа таа клазула е активна од 1. јуни до 1. август. Сепак, се пишува и дека преговара околу продолжување на договорот до 2027 година.
Дембеле во Барселона пристигна летото 2017 година на местото на Нејмар од Борусија Дортмунд за сума од 105 милиони евра, но дури по доаѓањето на Чави започна да го игра својот најдобар фудбал.