Дома Фудбал Италија Демант: Судијата од натпреварот Јувентус – Милан нема да биде казнет

Демант: Судијата од натпреварот Јувентус – Милан нема да биде казнет

Судиските одлуки во дербито помеѓу Јувентус и Милан во Серија А беа причини за жестоки реакции во фудбалската јавност.

Денес клубовите имаа состанок со претставници на судиската комисија која беше предводена од поранешниот судија и сегашен прв човек организацијата, Никола Рицоли.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Рицоли отворено зборуваше за спорните моменти и одлуките после прегледувањето на ВАР снимката. Најмногу се коментираа одлуките на Микел Фабри. Од Милан тврдеа дека требало да добијат пенал после играта со рака на Алек Сандро и се жалеа зошто Манџукиќ не бил казнет кога без топка го удри Ромањоли.

Во јавноста денес се појавија информации дека Фабри ќе добие казна, но таквите најави ги демантираше Рицоли.

„Фабри има простор да напредува, знам дека поседува голем потенцијал. Искуството е најважно, сите учиме од грешките. Јас станав подобар судија кога се соочив со грешките. Кога во прашање е ситуацијата со Манџукиќ ВАР можеше да реагира само кога станува збор за насилен потег, тогаш може да покаже само црвен картон“.

„Играта со рака нешто кое најтешко може да се процени, мора да правиме разлика помеѓу намерно и ненамерно играње со рака. Ситуацијата со фудбалерот на Јувентус беше во „сива зона“, односно можеше и да се досуди и да не се досуди, на судијата е да процени дали играчот имал намера“, изјави Рицоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ќе го повлече бројот 20 во чест на Жота

Ливерпул информира дека дресот со број 20 во клубот ќе биде повлечен од употреба по трагич…