На навивачите на Рома нема да им биде сеедно.
Даниеле Де Роси се прости од Рома во клубот пристигна како 17 годишник во 2000 година, а 19 години подоцна си заминува од „Олимпико“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Постоеа гласини дека кариерата ќе ја продолжи во САД или Аргентина каде што имаше понуда од Бока Јуниорс, но одличниот Италијанец судејќи според ситуацијата ќе остане во татковината.
Имено, како што пренесуваат голем дел од италијанските медиуми, Де Роси одлучил негов нов клуб во кариерата да биде Фиорентина.
Според информациите тој ја прифатил понудата од клубот од Фиренца и ќе потпише едногодишен договор со клубот од „Артемио Франки“.
Освојувачот на Светското првенство со Италија од 2006 година кон крајот на наредниот месец ќе наполни 36 години, но во Фиорентина веруваат дека има уште сили да игра на највисоко ниво, па ја искористија приликата да го доведат во своите редови.
Де Роси во текот на кариерата играше само за Рома, а ќе видиме како навивачите на Рома ќе го пречекаат кога ќе гостува со својот нов клуб на „Олимпико“.