Дома Фудбал Италија Де Лихт откри зошто го избра Јувентус: Моите идоли се Италијанци!

Де Лихт откри зошто го избра Јувентус: Моите идоли се Италијанци!

Јувентус ја доби трката за потписот на Матијас де Лихт и денес официјално ги претстави холандскиот дефанзивец.

Де Лихт имаше многу понуди на маса, но изјави дека Јувентус бил логичен избор, бидејќи неговите идоли се Италијанци.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Се восхитувам на каков начин играат италијанските дефанзивци. Мојата одлука ја донесов поради фактот што сакав да играм во Италија. Мои идоли се Барези, Малдини, Неста и Канаваро“, истакна Де Лихт.

„Одлуката не беше лесна, имав многу опции и секогаш треба добро да се анализира за да ја донесеш најдобрата одлука. Многу фактори играат улога. Важно ми е да знам колку ќе играм, каква доверба има клубот во мене. Јувентус ме посакуваше најмногу“.

„Во Ајакс играв 10 години во академијата и три години во првиот тим. За мене беше многу емоционално заминувањето, но знаев дека морам да направам чекор напред во кариерата“, изјави Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Меси наскоро става потпис!

Изминативе недели кружеа гласини за потенцијалното заминување на Лионел Меси од Интер Маја…