Дома Фудбал Англија Де Геа ја одби понудата на Манчестер Јунајтед

Де Геа ја одби понудата на Манчестер Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа ја одбил првата понуда на Манчестер Јунајтед за продолжување на договорот.

Актуелниот договор на Де Геа истекува на крајот на сезоната, а со оглед на фактот дека Шпанецот има 32 години, раководството се обидува да го убеди да прифати помала плата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во моментов Де Геа заработува 375.000 фунти неделно, што го прави најплатен голман во светот.

„Атлетик“ пренесува дека Де Геа ја одбил првата понуда која му ја доставило раководството, но не открива финансиски детали. Меѓутоа, медиумот открива дека Шпанецот е спремен да ја намали платата.

Двете страни треба да постигнат договор за тоа колкаво да биде намалувањето и за должината на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …