Дома Фудбал Англија Де Геа успеа да влезе во историјата на Манчестер Јунајтед

Де Геа успеа да влезе во историјата на Манчестер Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа во неделната победа над Евертон успеа да ја сочува мрежата нечепната, со што го запиша јубиларниот 100. натпревар без примен гол за „Црвените ѓаволи“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јунајтед успеа да слави со 4:0, а Де Геа уште еднаш беше ненадминлив и така успеа да се запише во историјата на клубот од „Олд Трафорд“.

Шпанскиот чувар на мрежата 80 натпревари без примен гол успеа да запише во Премиер лигата, 10 во ЛШ, пет во Лига Купот, четири во ФА Купот и еден во Лигата на Европа.

Давид Де Геа во Манчестер Јунајтед пристигна во 2011. година од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра, а во последните шест години е стандарден член во составот и еден од најдобрите играчи на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Атлетико поднесе жалба против Барселона поради Хулиан Алварес

Раководството на Атлетико Мадрид поднесе официјална жалба до ФИФА и Кралската шпанска фудб…