Дома Фудбал Англија Де Геа спремен да остане во Јунајтед, но постави еден услов!

Де Геа спремен да остане во Јунајтед, но постави еден услов!

Давид де Геа е спремен да потпише нов долгорочен договор со Манчестер Јунајтед, но само доколку клубот ги прифати неговите финансиски барања.

Имено, шпанскиот голман бара плата од 300.000 фунти неделно. Тоа е значително зголемување на платата со оглед на фактот дека Де Геа во моментов заработува 200.000 фунти неделно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Де Геа има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на следната сезона, откако Јунајтед неодамна ја активираше клаузулата и автоматски му го договорот за нови 12 месеци.

Преговорите помеѓу двете страни се во тек веќе подолг период, но, истите, барем засега не вродија со плод. Останува да видиме дали Јунајтед ќе ги задоволи финансиските барања на голманот.

Де Геа пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011 година и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим и Јунајтед остануваат заедно, тренерот не е проблем?!

Рубен Аморим е повторно под огромен притисок, за што веќе пишувавме денеска. Сега на оваа …