Давид де Хеа ја одбил последната понуда на Манчестер јунајтед за продолжување на договорот, па е спремен да го напушти „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната.
„Ѓаволите“ веќе некое време преговараат за нов договор со Шпанецот, но очигледно голманот сака да си замине од „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Геа бара 20 милиони евра плата годишно, а во Јунајтед сметаат дека тоа е премногу и не се спремни да му ги исполнат барањата.
Во меѓувреме англиските медиуми пренесуваат дека Де Геа добил понуда од Пари Сент Жермен кој му нуди неделна плата од 350.000 фунти.
„Светците“ во Шпанецот гледаат идеален наследник за Буфон и нема да жалат пари за да го донесат во Париз.
28-годишниот Де Геа сега сака Јунајтед да ја израмни понудата на ПСЖ од 350.000 фунти неделно за да потпише нов договор и да остане на „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед сака да направи силен тим со кој следната сезона ќе атакува на титулата во Премиер лигата, па останува да видиме дали е спремен да го „одврзе кесето“ за да го задржи еден од најдобрите голмани во светот.