Дома Македонски спорт Мак ракомет Двете засилувања на Вардар започнаа со тренинзи

Двете засилувања на Вардар започнаа со тренинзи

Леонардо Дутра и Михаил Аларов почна да тренираат со Вардар

Бразилскиот интернационалец Леонардо Дутра се приклучи на подготовките на Вардар и веќе тренира со екипата во Скопје.

Тој не замина со репрезентацијата на Бразил на Сп во Полска и Шведска, и затоа веднаш се стави на располагање на тренерот Владо Недановски.

Дутра ќе биде засилувањето за Вардар во пролетниот дел од сезоната, и ќе им помогне на бековите да бидат уште поубоити, а истовремено и во одбрана ќе понуди нова свежина.

Покрај Дутра на тренинзите на Вардар е и Михаил Аларов, кој дојде од екипата на Пролет. Тој првично имаше договор со „црвено-црните“ од јуни, но управите се договорија тој и Томислав Јагуриновски уште сега да дојдат во Вардар.

Неколкумина ракометари на Вардар се на СП во Полска, Талески, Томовски, Георгиевски и Манасков со Македонија, и Чувара со Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Горига во конкуренција за македонскиот дрес, 35 кандидати за стартот кон ЕП

Кирил Лазаров ќе избира 16 ракометари за ноемвриските средби со Луксембург и Грција. Меѓу …