Репрезентативецот на Македонија, Илија Несторовски како што стојат работите ќе си замине од Удинзе по четири години поминати во овој калчолигаш.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Нестор иако заминува од Удине и понатаму ќе остане на Апенините. Според информациите засега најсериозни во намерата да го доведат се два клуба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот клуб на Несторовски каде што го играше веројатно најдобриот фудбал во кариерата, Палермо сака да го врати. Покрај Палермо во игра била и Парма која сака да го засили својот напад.
Палермо и Парма се дел од Серија Б и во наредната сезона ќе имаат амбиции да се вратат во Серија А.
Преодниот рок е блиску, па наскоро ќе дознаеме каде Нестор ќе одлучи да продолжи.