Дома Македонски спорт Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија

Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, го собори македонскиот рекорд во маратон и тоа за речиси седум минути.

Ивановски маратонската трка во Валенсија ја истрача во време од 2 часа 11 минути и 53 секунди, и освен што е нов македонски рекорд, претствавува и одличен резултат во светски рамки.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Со ова време Ивановски го подобри и својот рекорд кој претходно изнесуваше два часа 18 минути и 12 секунди. Тој рекорд македонскиот атлетичар го постави на 15. мај 2022 година во Копенхаген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Огромна чест: Евгениј Поп Ацев примен во меѓународната „Куќа на славните“!

Maкедонскиот пливачки маратонец, Евгениј Поп Ацев викендов на 18-ти мај доби големо призна…