Дома Фудбал Останато Дали Џо Харт вчера ја прослави победата на Динамо? 📸

Дали Џо Харт вчера ја прослави победата на Динамо? 📸

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, Џо Харт ги налути навивачите на Тотенхем со неговата објава на социјалните мрежи.

Харт после вчерашниот натпревар во кој Динамо го победи Тотенхем со 3:0 после продолженија и така го елиминираше од Лигата на Европа објави стори со кое како да ја прославува победата на Динамо.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Прашање е дали Харт погрешил при собирањето на резултатот или едноставно сакал да искаже поддршка до Динамо за големата победа.

Како и да е, тој набрзо потоа ја избриша фотографијата и се извини.
Ќе потсетиме Харт во овој момент е резервен голман на Тотенхем и вчера беше на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на …