Изгледа дека конечно Ријад Марез ова лето ќе го исполни својот сон.
Како што наведуваат медиумите на Островот, голема е веројатноста Марез да го напушти Лестер на крајот од сезоната и да се пресели во Манчестер Сити кој се обидуваше да го доведе и во зимскиот проеден рок, но барањата на раководството на „лисиците“ беа преголеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, трансферот веројатно ќе се реализира во летниот преоден рок.
Лестер исто така би требало добро да заработи на овој трансфер. Се споменува сума од околу 60 милиони фунти, што е навистина одлична зделка ако се спореди со сумата со која беше платен пред четири години – 500.000 евра.
Марез заедно со Џејми Варди беше предводник на тимот на Лестер кој во 2016 година стигна до сензационалната титула шампион на Англија, а на 174 натпревари вкупно постигна 46 погодоци.