Дома Трансфер зона Дали ова е уште еден доказ дека Де Геа ќе го напушти Манчестер Јунајтед!?

Дали ова е уште еден доказ дека Де Геа ќе го напушти Манчестер Јунајтед!?

Дали ова е уште еден во серијата на докази, дека дојдено е времето Де Геа да ја напшути екипата на Манчестер Јунајтед?

Давид Де Геа можеби веќе го одигра и последниот натпревар за Манчестер Јунајтед, а ние не знаеме за тоа.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Жозе Мурињо веќе одлучил до крајот на оваа сезона на голот на Манчестер Јунајтед да стојат Серхио Ромеро и Џоел Переира. Португалскиот стратег истакна дека Ромеро ќе брани во финалето на Лигата на Европа, но и еден натпревар до крајот на шампионатот, а покрај тоа истакна и дека ќе му даде прилика на младиот Переира да дебитира во шампионатот.

„Переира е одличен и ќе му дадам шанса до крајот на шампионатот, за мене тој сигурно ќе биде најдобриот голман на Португалија“, изјави Мурињо.

Ова значи дека Де Геа до крајот на шампионатот нема да брани за Манчестер Јунајтед. Дали тоа е уште еден доказ дека ќе си замине на крајот на сезоната или пак Мурињо сака само да им даде повеќе минутажа на другите голмани, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…