Медиумите критикуваат, а се поставува и прашањето зошто Конте никогаш не може да направи ништо во Европа?
Интер не успеа да ја победи Славија на стартот од натпреварувањето во Лигата на шампионите и медиумите во Италија веќе го отпишаа Интер бидејќи во нивната група покрај Славија се уште Барселона и Борусија Дортмунд, тие сметаат дека натпреварот против чешкиот тим едноставно морал да се добие.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интер не е испаднат се уште е рано, но после натпреварот со Славија стана јасно дека на Конте ќе му биде потребно време. Во Италија можеби ќе биде сериозен конкурент за врвот, меѓутоа Европа е нешто друго и за Конте тоа често пати е ребус.
Не направи ништо со Јувентус во Лигата на шампионите, една сезона стигна до четвртфиналето каде што беше елиминиран од Баерн, а во другата испадна уште во групи.
Кога заминуваше од Јувентус ја кажа неговата легендарна реченица: Не можете со 100 евра да вечерате во ресторан каде што храната е 1000 евра. Со тоа тој алудираше на малите вложувања.
Но, скоро со истиот тим Алегри стигна до финалето во Лигата на шампионите, Јувентус два пати после заминувањето на Конте играше финале, губеше од Барселона и Реал Мадрид.
Поради тоа сите го вперуваат прстот кон него и веруваат дека нема ништо да направи и со Интер. Во второто полувреме против Славија Интер беше тактички надигран, го избегнаа поразот со гол во 92-ра минута, сепак тоа не менува многу.
Конте ја превзема вината за лошата игра, изјави дека тимот не бил агресивен и дека проблемите од натпреварот со Каљари и Удинезе се повториле. Тогаш Интер победи со многу среќа, вчера тоа не беше доволно.
Можеби Конте ќе има оправдување во оваа прва сезона ако навистина биде сериозен конкурент за врвот во Италија.