Бразилскиот крилен фудбалер Даглас Коста призна дека е невозможно да го следи Кристијано Роналдо на тренинзите.
Коста и Роналдо од неодамна се соигра во Јувентус откако Португалецот за преку 100 милиони евра дојде од Реал Мадрид.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Коста очигледно е импресиониран од неговата желба за тренинг, па брзо призна дека е невозможно да го следи.
„Невозможно е да го следите Роналдо на тренинг. Кога пристигнавме тој веќе тренираше, а кога заминавме, тој се уште тренираше. Никогаш го немам тоа видено.“
Да потсетиме, дебито на Роналдо во дресот на Јувентус се очекува да биде на 18 август кога Јувентус во рамките на првото коло од Серија А гостува кај Киево.