Ситуацијата околу судбината на дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз е многу интересна.
Бразилскиот дефанзивец не играше речиси цела сезона, па се очекуваше во јануарскиот трансфер период да го напушти клубот. Сепак, тоа не се случи, па сега тоа се чека ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И, додека некои сметаат дека тој речиси сигурно ќе ја напушти екипата, други велат дека Луиз го чека расплетот на ситуацијата околу тренерот на лондонскиот клуб. Како што тоа е добро познато, англиските медиуми со денови пишуваат за тоа дека Маруицио Сари би требало да го превземе кормилото од Антонио Конте, а тоа веројатно би значело и нешто подобар статус за Луиз.
Во меѓувреме, Италијанците пишуваат дека поранешниот клуб на Сари, Наполи е заинтересиран за Луиз и подготвува понуда од 30 милиони евра. Луиз во текот на минатата сезона запиша само 10 настапи за Челзи, така да логично е дека нема што да бара во овој клуб доколку тренер остане Конте.