Давид Луиз во изненадувачки трансфер го напушти Челси и потпиша за Арсенал.
Бразилецот во 2011. година стигна во Челси, а три години после тоа замина во ПСЖ, но повторно се врати на Стемфорд Бриџ во 2016. година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку месеци потпиша нов договор со Челси и се чинеше дека ќе остане во клубот уште некое време, но пред самиот крај на преодниот рок одби да тренира и побара трансфер.
На последниот ден од преодниот рок потпиша за Топџиите, а сега откри дека го напушти Челси затоа што не се вклопил во плановите на Лампард.
„Во разговорот со Френк Лампард заклучив дека има различен план за годината. Разговаравме потполно искрено и тој даде јасно до знаење дека има различни идеи од моите.“
„Така, имав шанса да добијам понуда од Арсенал, кој е одличен клуб.“ – додаде Луиз.