Дома Фудбал Останато Гундоган: „Сега со насмевка можам да се вратам дома“

Гундоган: „Сега со насмевка можам да се вратам дома“

Репрезентацијата на Германија во четвртокот во Минхен ремизираше против Франција (0:0) во првиот натпревар од Лигата на нациите.

Германија пред своите навивачи го одигра првиот натпревар по катастрофата на Мундијалот, но избраниците на Јоаким Лев имаат голема поддршка. Во центарот на вниманието на средината на второто полувреме беше Илкај Гундоган кој повторно доби свирежи од трибините, но овој пат аплаузите тоа го победија.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Гундоган и Озил се најдоја на метата на навивачите поради сликата со Ердоган, а по свирежите и навредите од трибините, Озил се збогуваше од националниот дрес. Од другата страна, Гундоган продолжи да игра за Германија и по натпреварот изјави дека е среќен што ги слушнал аплаузите од трибините кога влегуваше во игра.

„Бев нервозен кога се загревав. Не ми беше страв, но едноставно имав нервоза, бидејќи не знаев што да очекувам. Бев многу среќен кога ги слушнав аплазуите, а свирежите ги игнорирав. Им возвратив со аплауз и бев среќен. Сега со насмевка можам да се вратам дома“, изјави Гундоган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…