Дома Фудбал Гризман: Сакам да го постигнам својот прв гол на Камп Ноу

Гризман: Сакам да го постигнам својот прв гол на Камп Ноу

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман во последно време игра во спектакуларна форма.

Откако во неделата постигна хет-трик против Севиља, Французинот во средата направи чекор напред и на натпреварот против Леганес постигна четири погодоци.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Гризман во Ла Лига имаше постигнато осум погодоци, а сега за неколку дена дојде до уште седум и сега се надева дека својата серија ќе ја продолжи и во наредното коло против Барселона.

„За Атлетико постигнав многу голови, но ниеден на Камп Ноу. Посакувам тоа да се промени и да го постигнам својот прв погодок на стадионот на Барселона.“ – порача Гризман.

Гризман оваа сезона постигна 15 погодоци во Ла Лига и е четврт стрелец во шпанското првенство после Лео Меси, Луис Суарез и Јаго Аспас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…