Дома Трансфер зона Гризман не е единствен, уште еден фудбалер на „јорганџиите“ кој беше стандарден пред заминување!

Гризман не е единствен, уште еден фудбалер на „јорганџиите“ кој беше стандарден пред заминување!

Во вториот дел од сезоната би можеле да гледаме многу поинаков тим на Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Атлетико Мадрид од јануари ќе може повторно да регистрира фудбалери, па така Диего Симеоне во вториот дел од сезоната ќе може да смета на два нови фудбалери.

Во прашање е репрезентативецот на Шпанија, Витоло кој дојде од Севиља и Диего Коста кој се враќа во редовите на „јорганџиите“.

Нема сомневање дека тоа ќе бидат две големи засилувања за клубот од Мадрид, но изгледа дека стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе ја напуштат и неколку важни фудбалери.

Според голем број медиуми Антоан Гризман практично се договорил со Барселона, но покрај него клубот би можел да го напушти и Јаник Караско.

Белгиецот минатата сезона беше стандарден, но оваа сезона запиша само пет настапи. Интерес за него покажаа минхенски Баерн, како и неколку клубови од Премиер лигата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…