Познато е дека Антоан Гризман е голем љубител на видео игрите и често пати слбодното време го поминува токму така.
Вчера на својот Инстаграм Гризман се пофали дека ја игра популарната видео игра „Pro Evolution Soccer“ на Плејтејшн и тоа со екипата на Арсенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поточно, играше со легендите на тој клуб, а на објавата може да се види како постигнува гол со Јохан Кројф кој го стави својот тим.
На следното стори Гризман исто така игра со Арсенал, но овој пат ФИФА 19. Гризман си креирал супер моќен тим и се ставил себе си во него. Во тимот на Гризман се наоѓаат некои од најдобрите играчи на денешницата, како и неколку пензионирани легенди. Секако, самиот тој си се стави во врвот на нападот.
Во тимот на Гризман од неговиот Атлетико место имаше само за Јан Облак на голот. Пред него во одбраната се двајцата стопери на Реал Мадрид, Серхио Рамос и Рафаел Варан, а на бековските позиции играат Алекс Сандро од Јувентус и Хектор Белерин од Арсенал.
Бекам и Погба Гризман избрал да бидат веднаш пред одбраната додека понапред во средниот ред се Роналдињо, Диего Марадона и Лионел Меси и најистурен во нападот самиот тој.
Очигледно Гризман поседува некакви симпатии кон Арсенал, но овој момент барем низ медиумите не Французинот не се поврзува со трансфер во редовите на „топџиите“ и тоа изгледа како нешто нереално, но кој знае….