Дома Фудбал Гризман за поразот од Јувентус: Виновни сме сите кои игравме

Гризман за поразот од Јувентус: Виновни сме сите кои игравме

Барселона беше понижена од Јувентус на својот „Ноу Камп“ и така прилично на суров начин остана без првото место во групата Г.

Вакви осцилации на Барселона во Лигата на шампионите и се случуваат веќе неколку години во низа, па јасно дека на психолошки план нешто не е во ред.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Еден од оние кои констатно е критикуван е Антоан Гризман.

„Во првото полувреме како да не бевме на теренот. Недостасуваше желба, став, одбрана, напад…Се беше лошо. Ние сме виновни, сите кои игравме. Мораме да ја поделиме одговорноста и да се потрудиме да бидеме подобри. Желбата секогаш мора да биде присутна . Тоа е единствен начин да се оди напред. Можеме да бараме изговори, но време таквите работи да се тргнат на страна и да работиме напорно“, изјави Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …