Дома Трансфер зона Гризман даде ветување и порача: Сега е наше време! (ВИДЕО)

Гризман даде ветување и порача: Сега е наше време! (ВИДЕО)

Најголемото засилување на Барселона во овој преоден рок Антоан Гризман после контроверзниот трансфер се огласи во јавноста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трансфер сагата помеѓу Барселона и Гризман траеше една година, но Каталонците на крајот успеаа да го доведат францускиот напаѓач. Барса за Гризман плати 120 милиони евра, односно ја активираше неговата откупна клазула.

Меѓутоа веднаш после објавата дека Гризман е нов фудбалер на Барселона се огласија од Атлетико. Тие тврдат дека Барса мора да плати 200 милиони евра бидејќи договорот со Гризман го постигнале кога неговата клазула била 80 милиони евра повисока.

Во јавноста се огласи и Гризман и тоа преку видео кое Барселона го објави на социјалните мрежи.

„Кога бев дете мојот татко ме учеше дека возовите не поминуваат само еднаш. Сега е време за нов предизвик во нова средина. Конечно нашите патишта се вкрстија. Ќе ги бранам боите на Барселона со стопроцентна одлучност и посветеност. Сега е наше време“, зборува Гризман во видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…