Дефанзивецот на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, Жерар Пике заработи повреда на коленото на денешниот тренинг на својата селекција, пред Мундијалот во Русија, пренесува „Марка“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пишува реномираниот шпански медиум, Пике имла незгоден доскок при еден дуел по што почуствувал болка во левото колено и морал да го напушти тренингот.
Набрзо беше одведен на подетални испитувања, а за каква повреда се работи се очекува да биде соопштено во текот на денешниот ден.
Пике во текот на измината сезона имаше проблеми со коленото, поради што пропушти неколку натпревари во дресот на Пике.
Овој искусен дефанзивец во дресот на националниот тим настапи на 95 натпревари и постигна пет погодоци.