Дома Македонски спорт Градоначалникот на Њујорк си доби дрес од македонскиот шампион!

Градоначалникот на Њујорк си доби дрес од македонскиот шампион!

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски средбата со градоначалникот на Њујорк, Ентони Адамс ја искористи да му подари дрес од МЗТ Скопје.

„Изминатите неколку денови, учествував на Светскиот самитот кој се организира во рамки на Мрежата на силни градови, каде членува и Општина Аеродром. Настанот кој е финансиран од страна на Европската унија и Стејт Департментот успеа во Њујорк да собере повеќе од 70 градоначалници од целиот свет.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Од моја страна на градоначалникот на Њујорк, кој е домаќин на овој настан и истовремено голем фан на кошарката му врачив дрес од македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје.

Плаво белата боја на македонскиот шампион ќе биде дел од неговата канцеларија и во духот на спортот и спортските успеси на МЗТ, таа нека биде поттик за идни победи и симбол на меѓусебната соработка, поддршка и пријателство.

Се гледаме оваа сабота во СРЦ Кале, да дадеме поддршка и да навиваме за МЗТ Скопје во финалето на Суперкупот“, објави Муцунски на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…