Дома Топ вести Готово: Сити ја информира Борусија дека ќе ја плати клаузулата за Халанд

Готово: Сити ја информира Борусија дека ќе ја плати клаузулата за Халанд

Главниот извршен директор на Манчестер Сити, Феран Сориано го информирал колегата од Борусија Дортмунд Ханс Јоаким Вацке дека англискиот клуб е спремен да ја активира откупната клаузула на Ерлинг Халанд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Самиот Халанд исто така му соопштил на клубот дека има договор со Манчестер Сити и ја напушта Борусија Дортмунд ова лето.

Норвежанецот во договорот има откупна клаузула која треба да биде платена во целост, со еднократно плаќање.

Според информациите на „Скај Спорт“, Манчестер Сити ќе го официјализира трансферот на Халанд до крајот на месецот.

21-годишниот Халанд има постигнато 85 гола на 88 меча за „милионерите“, а на „Етихад“ ќе заработува 500.000 фунти неделно во следните пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…