Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија и постигна договор со Ал Итихад.
34-годишниот Начо е член на Реал од 2001 година, а за првиот тим на мадридскиот клуб одигра 363 натпревари и постигна 16 голови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Начо има договор со мадридскиот клуб до 30 јуни и одлучи да не го продолжи па ќе замине како слободен агент.
Сите еминентни шпански медиуми потврдија дека кариерата ќе ја продолжи во Ал Итихад.
🚨 CONFIRMED: Nacho is CLOSE to Al-Ittihad. @jfelixdiaz pic.twitter.com/FUX51mmoui
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 13, 2024