Манчестер Јунајтед постигна договор со Баерн Минхен за трансфер на дефанзивците Наср Мазрауи и Матијас де Лихт.
За 24-годишниот Де Лихт, Баерн ќе добие 45 милиони евра, плус дополнителни 5 милиони евра во бонуси кои се сметаат за лесно достижни. Мазрауи, пак, ќе го чини Манчестер јунајтед 15 милиони евра, плус дополнителни 5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лихт и Мазрауи ќе потпишат договори до 2029 година, со опција за уште една дополнителна година.
Се очекува во наредните денови двајцата фудбалери да пристигнат на лекарски прегледи и да ги комплетираат трансферите.