Ценк Тосун наскоро пристигнува на лекарски прегледи!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Евертон конечно го комплетираше трансферот на напаѓачот на Бешикташ, Ценк Тосун.
Како што пренесува „Скај Спорт“, „карамелите“ за трускиот репрезентивец ќе платат сума од 30 милиони евра што е рекордна за турскиот шампион.
Тосун се очекува наскоро да пристигне во Ливерпул на лекарски прегледи, а потоа и да стави потпис на договорот со својот ноб клуб.
Со овој трансфер Евертон продолжува онаму каде што застана во летниот преоден рок кога потроши 140 милиони евра, но и покрај тоа резултатите не беа онакви какви што се очекуваше.
Оваа зделка за Бешикташ е најскапа во историјата на клубот, а додека во за Евертон е трет најскап фудбалер во историјата после Гифли Сигурдсон (49.400.000 евра) и Ромелу Лукаку (35.360.000)