Дома Фудбал Англија Готово е, Јувентус победи: Подготвена да се активира првата летна БОМБА!

Готово е, Јувентус победи: Подготвена да се активира првата летна БОМБА!

Како што пренесува, Фабрицио Романо, Емре Џан се наоѓа на прагот на потпишување на соработка со фудбалскиот клуб Јувентус.

Германскиот репрезентативец изрази желба да потпише договор со „Бјанконерите“ и ќе го почека крајот на сезоната за да ја прифати соработката со торинскиот клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нему договорот со Ливерпул му истекува на крајот на тековната сезона, па Јувентус ќе го добие без обештетување.

Ангажманот на Џан ќе биде првата работа која Јувентус ќе ја заврши во летниот преоден рок, а се очекува со „Старата дама“ да потпише договор до 2023. година, тежок 5 милиони евра на годишно ниво.

Јувентус се поврзува со Џан откако преговорите на германскиот репрезентативец и „Црвените“ околу продолжување на соработката пропаднаа, за неговото преминување во Торино се зборуваше малтене од минатото лето, а сега се е готово.

Џан, кој пристигна во Ливерпул од Леверкузен во 2014. година за 12 милиони евра, најверојатно го одигра и последниот меч за Ливерпул, со оглед на тоа дека е повреден и е јасно дека нема да биде во поставата на „Црвените“ до крајот на сезоната, па ниту во големото финале од Лигата на шампионите, кое е закажано за 26. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…