Легендарниот италијански тренер Марчело Липи после поразот на неговата Кина порача дека повеќе нема да биде селектор на оваа репрезентација.
Кина беше поразена од Сирија со резултат 2:1 во квалификациите за Светското првенство 2022 година. Овој проаз дојде само еден месец откако Кина ремизираше со Филипини, селекција која е далеку полошо рангирана од Кина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Кина е на пет бодови зад лидерот во групата, Сирија која има 12 бодови. Кинезите имаат ист број како Филипини кои денес славеа против Малдиви.
Легендарниот тренер покажа големина и со кратка изјава го потврди заминувањето.
„Ако мојот тим игра вака тогаш треба да заминам. Заработив многу пради и не сакам да ги „крадам“. Затоа поднесов оставка“, изјави Лип.