Интер планира да направи вистинска реконструкција на тимот во летниот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Покрај сериозните најави дека на кормилото може да дојде Антонио Конте, спортскиот директор Марота веќе работа на големи засилувања на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, без оглед на тоа кој ќе биде на клупата на „нероаѕурите“ следната сезона, сосема е извесно заминувањето на тројца фудбалери.
Првиот кој ќе го напушти „Џузепе Меаца“ е Жоао Миранда за кој е заинтересиран Монако, додека Јан Карамо ќе биде искористен во евентуалната трампа или продаден откако ќе се врати од позајмица од Бордо. Овие двајца фудбалери би можеле да донесат 20 милиони евра на Интер.
Најголемиот приход треба да стигне од продажбата на Иван Перишиќ, кого „нероаѕурите“ го проценија на 40 милиони евра.
Мауро Икарди после целиот скандал сигурно ќе биде ставен на трансфер листа. Меѓутоа, неговата цена се намали, па Интер тешко дека ќе ги добие посакуваните 100 милиони евра. Италијанските медиуми пренесуваат дека „нероаѕурите“ се спремни да прифатат понуда од 80 милиони евра за Аргентинецот.
Целиот овој буџет од околу 150 милиони евра Интер ќе го искористи за нови засилувања, а прва мета ќе бидат младата ѕвезда на Фиорентина, Федерико Киеза чија цена во моментов изнесува околу 70 милиони евра.