Фудбалскиот клуб Барселона е во потрага по засилувања, а една од нивните мети им даде јасен знак.
Холандскиот фудбалер и дефанзивец на Ајакс, Матијас Де Лихт не крие дека Барселона е неговиот омилен тим во Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 18 годишен фудбалер важи за еден од најголемите таленти во светот, а во последните недели често се поврзуваше со трансфер во Барселона.
Де Лихт не крие дека Барселона е негов фаворит, поради сличностите кои ги има со Ајакс.
„Мој омилен тим? Тоа е Барселона, тоа е така поради посебната поврзаност која ја има овој клуб со Ајакс низ историјата, но и преубавиот стил на игра кои ги поврзува овие два клуба“, изјави Де Лихт кој потоа истакна дека тој во овој момент е посветен само на Ајакс.
„Нормално дека поврзувањето со големите клубови има влијание на секој фудбалер, но јас сум среќен во Ајакс. Многу се пишува во медиумите, но јас не знам ништо за тоа. Посветен сум на моите настапи во Ајакс“, истакна Де Лихт.
Иако е роден 1999 година, како 18 годишник може да се пофали со два настапи за селекцијата на Холандија, додека во Ајакс е стандарден член од минатата сезона.