Победата над Баерн во Минхен донесе и една лоша вест за „кралевите“, а тоа е повредата на Герет Бејл.
Велшанецот доживеа повреда на мускулот и ќе биде под знак прашалник за реваншот со Баварците, како и за „Ел Класико“ следниот викенд.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Бејл на полувремето се пожали на болки во мускулот поради што Зидан мораше да го извади од игра на полетокот на второто полувреме.
Сеуште не е познато со точност колку е сериозна повредата, но сигурно е дека Бејл ќе го пропушти мечот со Спортинг Хихон во сабота.