Ливерпул вчера во реванш натпреварот го победи Шрусбери со 1:0 и така се пласираше во осминафиналето на ФА Купот.
Тука немаше да има ништо чудно ако „црвените“ овој натпревар не го играат со играчите од тимови до 19 и 20 години, а покрај тоа на клупата на не беше ниту Јирген Клоп. Причината за ваквата ситуација е одморот кој Клоп им го ветил на играчите, Германецот не сакал да им ги расипе плановите поради непланираниот натпревар. Познато е дека во ФА Купот се игра реванш ако првиот натпревар заврши нерешено, па во клубот очекуваа работата со Шрусбери да ја завршат во еден натпревар, сепак тој заврши 2:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И додека Фабињо и Роберто Фирмино беа на Малдивите со сопругите, Салах дома, Лалана во Мајами…Џејмс Милнер одлучи да остане во Англија и да навива за децата на Ливерпул против Шрусбери.
Liverpool’s first team squad are all on holiday ☀️
— Football Factly (@FootballFactly) February 5, 2020
Except for James Milner.
He was at Anfield tonight to support the young side that beat Shrewsbury ? pic.twitter.com/49FolZ6b6z
Камерите го забележаа вчера на „Енфилд“. Милнер седеше во првиот ред зад клупата со играч ина Ливерпул, ги бодреше и учествуваше со совети. Тренерот Нил Кричли откри дека Милнер го прашал дали може да им одржи говор на играчите пред натпреварот, Кричли му дозволи.
„Им даде на играчите некои совети, беше полн со респект кон нив и максимално професионален. Секоја чест“, изјави Кричли после натпреварот.