Дома Фудбал Италија Говорот на Ибра пред мечот со Аталанта: Тој што се плаши нека остане во автобус

Говорот на Ибра пред мечот со Аталанта: Тој што се плаши нека остане во автобус

Златан Ибрахимовиќ беше повреден по последните натпревари, но патуваше со тимот во Бергамо за клучниот меч против Аталанта.

На Милан му беше потребна победа за да обезбеди пласман во Лигата на шампиони, а Ибрахимовиќ одржал говор пред мечот.

Медиумите откриваат дека пред автобусот со играчите да пристигне пред стадионот, Ибра го зел микрофонот и одржал говор.

„Постојат натпевари и натпревари на кои треба да бидеш спремен да умреш на терен. Ова е еден од тие натпревари. Тој што се плаши, нека остане во автобус“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Касемиро блеска во одбраната на Интер Мајами

Интер Мајами ја прекина серијата од пет натпревари без победа во МЛС, благодарение на нова…