Како што јавуаат многу италијански медиуми, Мемфис Депај е нов играч на поранешниот европски шампион.
Депај го напушти Лион и тоа по многуте исцрпени договарања, бидејќи претседателот на францускиот клуб не сакаше да ја спушти цената за крилниот холандски фудбалер.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На крајот, наводно договорот бил постигнат, а Депај потпишал петгодишен договор со Росонерите.
Депај би требало да биде прво засилување на Милан, но постојат неколку можни засилувања, иако црно-црвените имаат сериозни проблеми со финанискиот фер-плеј.