Играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ одигра фантастично и се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.
22-годишниот Србин го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Лацио потврди дека ова лето пристигнале понуди повисоки од 50 милиони евра за неговиот потпис.
Милинковиќ-Савиќ сепак остана во Лацио, но неговиот агент не ја исклучува можноста ова да биде последната сезона за него на „Олимпико“.
„Летово имавме голем пресинг од Мадрид, Милано и Манчестер и клубовите испратија одлични понуди, но Сергеј одлучи да остане да се развива во Лацио. Сепак, не можам да исклучам дека ова ќе биде последна сезона за него во Лацио“, изјави агентот.
Силен интерес за Милинковиќ-Савиќ покажуваат Милан, Јувентус и Манчестер Јунајтед па следното лето не очекува голема битка за неговиот потпис.