Серж Орие пред две дена спогодбено го раскина договорот со Тотенхем и кариерата може да ја продолжи во најголемиот ривал.
Орие имаше договор до крајот на актуелната сезона, но двете страни одлучија спогодбено да ја раскинат соработката, бидејќи фудбалерот не беше во плановите на тренерот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Како што пренесуваат островските медиуми интерес за него покажуваат неколку клубови, но најсилен е интересот на Арсенал.
„Топџиите“ се ослободија од Белерин и сметаат дека Орие ќе биде одлично засилување за десната бековска позиција, особено поради фактот што е слободен агент.
Доколку потпише за Арсенал, сигурно ќе го навлече гневот на фановите на Тотенхем.