Лоран Кошчиелни беше упорен во својата намера и го реализираше трансферот во Бордо.
Поранешниот капитен на Арсенал во трансфер вреден пет милиони евра се врати во Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошчиелни наиде на критики поради начинот на кој се претстави во Бордо. Французинот помина девет години во Лондон, а ова лето беше јасно дека ќе замине откако одби да патува со клубот на припремите во САД.
Тој во Бордо беше претставен со видео во кое го соблекува дресот на Арсенал, а под него име дрес од Бордо. Ова видео наиде на негативни коментари од страна на навивачите на Арсенал.
Glad he’s gone. Club captain and acts like a trollop. Get in the bin @6_LKOSCIELNY pic.twitter.com/dYgoIhAlHV
— Luke Brook (@_LukeDowell) August 6, 2019