Капитенот на Арсенал, Лоран Кошчелни сериозно размислува да го напушти клубот ова лето, пренесува „Екип“.
На 33-годишниот Французин му останува уште една година од договорот со „топџиите“, но тој сака да искуси нов предизвик во кариерата и е спремен ова лето да го напушти „Емирати“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот се уште не му понудил продолжување на соработката, па Кошчелни го известил раководството дека сака да си замине.
„Екип“ пренесува дека најсериозен кандидат за неговиот потпис е италијанскиот гигант Милан, кој сака да донесе еден искусен стопер ова лето. Интерес за Кошчелни покажуваат уште Баер Леверкузен, Монако и Рен.
Французинот цели 9 години е член на Арсенал и одигра 352 меча за „топџиите“ на кои постигна 27 гола, а доколку оваа информација е точна финалето во Лига Европа може да биде неговиот последен меч за лондонскиот клуб.
L'Equipe claim the Europa League final could be Koscielny's last game for #Arsenal. He is said to be very strongly thinking about leaving in search of a new challenge. Monaco, Milan & especially Leverkusen are all interested in signing him. pic.twitter.com/IvM8coG5MW
— Gurjit (@GurjitAFC) May 24, 2019