Чиленскиот фудбалер Артуро Видал на крајот на оваа сезона најверојатно ќе ја напушти Барселона.
Видал во каталонскиот клуб пристигна пред две години од Баерн, но не играше колку што очекуваше. Очигледно е дека во Барселона не сметаат на Чиленаецот бидејќи се обидуваат го вклучат во разни трансфери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, шпанските медиуми пренесуваат дека Видал не е заинтересиран да биде дел од трансферот на Миралем Пјаниќ или пак Лаутаро Мартинез. Видал сака сам да го избере неговиот нов клуб.
Соиграчот на Видал од репрезентацијата Гари Медел пред неколку дена изјави дека Видал сака да заигра за Бока Јуниорс.
„Артуро Видал сонува да заигра за Бока со мене или без мене во екипата. Многу ја сака Бока и ја следи на друштвените мрежи. Едвај го чека денот кога ќе заигра таму“, гласеше изјавата на Медел.
Дополнително шпекулациите дека може да се пресели во Бока ги засили самиот Видал кој на Инстаграм лајкна монтирана фотографија на која тој е во дресот на Бока.