Англискиот фудбалски клуб Ипсвич, новиот член на Премиер лигата, објави дека го продолжил договорот со тренерот Керан Мекена.
Мекена и Ипсвич потпишаа нова соработка до летото 2028 годиан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Успехот носи свои предизвици и имаше многу шпекулации во последните неколку недели, но јас и Киеран продолживме да комуницираме, често неколку пати на ден, за да се подготвиме за новата сезона во Премиер лигата“, изјави директорот на Ипсвич, Марк Ештон.
Во последните недели англиските медиуми пишуваа дека Мекена би можел да стане нов менаџер на Челзи, но „сините“ подоцна веројатно знаејќи ја неговата намера се насочија кон Енцо Марсека, а се споменуваше и Манчестер Јунајтед.
Мекена оваа сезона избори пласман со Ипсвич во Премиер лигата, а тимот од истокот на Англија по 22 години се врати во елитниот ранг на натпреварувањето.
We are delighted to announce that Manager Kieran McKenna has signed a new long-term contract at Portman Road.
— I(P)SWICH TOWN (@IpswichTown) May 30, 2024