Дома Фудбал Англија Глејзер нема намера да го продава Манчестер Јунајтед

Глејзер нема намера да го продава Манчестер Јунајтед

Сопствениците на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер немаат намера да го продаваат клубот поради протестите на фановите, пренесува „Гардијан“.

Во неделата фановите на Јунајтед влегоа на стадионот и протестираа против раководството, па поради тоа беше одложен мечот со Ливерпул.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Фановите настојуваат семејството Глејзер да го продаде клубот и „црвените ѓаволи“ да добијат нови сопственици.

„Гардијан“ тврди дека американските сопственици воопшто не планираат продажба, па дури имаат долгорична стратегија за да ја зголемат вредноста на Манчестер Јунајтед од 3 милијарди на 7 милијарди фунти.

Семејството Глејзер се сопственици на клубот од „Олд Трафорд“ од 2005 година.

Автор: Петре Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Падна договор: Петровиќ се сели во друг премиерлигаш

По одлична сезона во Франција, Ѓорѓе Петровиќ не му недостасуваат понуди. Сепак, најизглед…