Репрезентацијата на Португалија по подоброто изведување на пенали ја елиминираше Словенија и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство.
Трагичар во овој натпревар можеше да биде Кристијано Роналдо кој претходно во 105. минута не реализираше најстрога казна. Исто така претходно Роналдо имаше неколку слободни удари од кои шутираше директно кон голот, но во ниту една ситуација не беше толку блиску до погодок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На оваа тема зборуваше Дитмар Хаман кој призна дека пред овој натпревар мислел дека Роналдо игра поинаку и тимски, сепак му изгледа како да се излажал.
„Ќе признаам, поверував дека Роналдо стана повеќе тимски играч отколку порано. Верував и јас во таа глупост, но мислам дека против Словенија го видовме неговото вистонско лице“, изјави Хаман.
За потсетување, Португалија во сабота во четвртфиналето на ЕП ќе игра против Франција.