Дома Фудбал Англија Гвардиола: Ќе се вратиме посилни, подобри и – подебели! (ВИДЕО)

Гвардиола: Ќе се вратиме посилни, подобри и – подебели! (ВИДЕО)

Пандемијата поради новиот коронавирусот го запре светот. Во голем број држави се воведени рестриктивни мерки како што е ограничување на движењето со цел да се спречи ширењето на заразата.

Веќе некое време нема фудбал, барем не оној на највисоко ниво. Манчестер Сити промовираше нова веб страна „CitizensAtHome“ која ќе пренесува совети и забавни содржини поврзани за фудбал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


При промовирањето на веб страната кратка порака остави тренерот Пеп Гвардиола.

„Ни недостасува фудбалот. Ни недостасува животот кој го имавме неодамна. Но, сега е време да седиме и да ги слушаме препораките на докторите. Вие сте моја фудбалска фамилија, ќе направиме се што можеме за да се чувствувате подобро. Ќе се вратиме посилни, подобри, пољубезни и малку подебели. Останете дома, останете безбедни“, порача Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико без милост, Милан рутински

Атлетико Мадрид и Милан забележаа гостински победи во Лигата на шампиони против Спарта Пра…