Пеп Гвардиола неочекувано остана без својот стандарден првотимец, Серхио Агуеро.
Аргентинскиот фудбалер како што е познато доживеа сообраќајна несреќа во Амстердам, а по повредата на ребрата ќе мора да отсуствува околу два месеци.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Непосредно по несреќата се огласи и Гвардиола. Новинарите ги изненади со тоа што истакна дека не е лут на својот напаѓач кој заминал во Амстердам на концерт на неколку дена пред дербито со Челзи.
„Секако Агуеро нема да има проблеми, јас не сум полицаец. Не сум разговарал се уште со него, имав многу обврски утринава, но ќе се слушнеме. Најважно е дека знам дека со него се е во ред“, истакна Гвардиола.
Шпанецот додаде дека не се заморува премногу околу тоа како неговите играчи ги минуваат слободните денови.
„Сметам дека треба да бидат среќни, јас сакам да бидат. Мораат да се одморат и физички и психички и треба да уживаат. Ако Агуеро одлучил да отиде на концерт, тоа е во ред“, заклучи тренерот на Манчестер Сити.