Пеп Гвардиола сака ново засилување и тоа повторно од одбраната.
Хрватскиот репрезентативец, Шиме Вршаљко според пишувањето на шпанска „Марка“ наводно сака да го напушти Атлетико Мадрид, а интерес за него до овој момент покажаа Наполи и Манчестер Сити кои сакаат да го доведат во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вршаљко во Атлетико пристигна во летото 2016 година од редовите на Сасуоло и со шпанскиот прволигаш потпиша договор до летото 2021 година.
Хрватот во Атлетико игра на позицијата десен бек и ја дели минутажата со 32 годишниот Хуанфран. „Марка“ наведува дека Вршаљко неодамна разговарал со челниците на Атлетико им соопштил дека сака да го напушти клубот.
Интерес за хрватскиот фудбалер имаше и претходно, но Атлетико барем засега ги одбиваше сите понуди.