Дома Фудбал Англија Гвардиола: Останувам во Сити и следната година, после ќе видиме

Гвардиола: Останувам во Сити и следната година, после ќе видиме

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека и следната сезона сигурно ќе остане на „Етихад“.

Гвардиола пристигна во Манчестер Сити во 2016 година и оваа сезона бележи неверојатни резултати со „граѓаните“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во последно време многу се шпекулира за неговата иднина, а Гвардиола потврди дека наредната сезона сигурно ќе остане во Манчестер Сити.

„Ќе бидам овде уште една сезона, а потоа ќе видиме. Се зависи од тоа дали ќе победуваме или не и дали ќе заслужам продолжување на договорот. Овде сум навистина многу среќен, но за да останеш долго време во голем клуб мораш да победуваш“, изјави Гвардиола.

Голема улога во неговиот престој на „Етихад“ сигурно ќе има и Лигата на шампиони, што е главна цел на сопствениците на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…